Алушовски: Вардар не е на нивото од претходните години, но не смее да се потцени!

фото: слободен печат

Како што и беше најавено, денеска официјално започнаа подготовките на ракометниот клуб Вардар 1961 за следната натпреварувачка сезона.

После четири месеци тренерот Стевче Алушовски е среќен што дефинитивно ќе им се враќаат на клупските обврски.

Актуелен европски шампион, како што и самиот признава можеби екипата не е тоа ниво кое што беше од претходните години, со оглед на тоа какви квалитетни играчи настапуваа, но и со овие играчи екипата заслужува респект. Нема никого да потценат, ниту да преценат, ќе се оди чекор по чекор.

Јагуриновски и Јотиќ од следната сезона во Вардар 1961

Малку неприродна ситуација и сето она што последните пет месеци сите ги загрижува состојбата со коронавирусот, но мораме да им се вратиме на работните обврски. Знаете дека пред нас имаме големи предизвици оваа сезона. Во летниот период се обидовме и направивме една конкурентна екипа, целта ќе биде четвртфинале во ЛШ, Фајнал-фор, СЕХА лига и домашното првенство.

Планот за подготовки е направен, но ова ќе бидат едни нетипични подготовки, бидејќи зависиме од дневни ситуации. Ќе бидеме во Скопје, најавено е дека ќе играме на Струшкиот турнир од 12-16 август и на турнирот Кажиња (21-23 август) на кој што требаше да учествува хрватскиот Нексе, но таму има позитивен случај на Ковид-19, како и Пик Сегед кој не добива дозвола од унгарските власти да настапува надвор од земјата.

Останува да ги правиме сите измени доколку има потреба, ние ќе работиме според протоколот од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Имаме дозвола само за вежби во теретана и на отворено. Се надевам дека до понеделник ќе имаме дозвола и да се подготвуваме и во затворен простор, ќе има систематски преглед после оваа пауза од четири месеци што е неприродна за сите играчи за да стартуваме со нешто сериозно – изјави Алушовски за медиумите пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Тешка задача за Вардар во ЛШ: Црвено-црните ќе играат против „своите“ Гонзалез, Криштопанс, Карачиќ, Скубе, Душебајев…

Новата сезона во Лигата на шампионите Вардарци ќе ја стартуваат на 16/17 септември во Белорусија против Мешков Брест.

На 29 август се очекува да го играат реванш четвртфиналниот дуел со Нексе во СЕХА Газпром лигата, а Ф4 турнирот е во Задар (4-5 септември).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот