Алушовски: Вардар како европски првак има цел да го освои турнирот во Струга

EPA-EFE/MANUEL FERNANDO ARAÚJO

По пауза од шест години екипата на Вардар 1961 повторно се враќа во Струга каде ќе настапува на познатиот турнир.

„Црвено-црните” последен пат триумфираа на Отвореното игралиште во 2007 година. Сега ова ќе биде нивни прв тест пред почетокот на сезоната, пред дуелот со Нексе закажан за крајот на месецов во СЕХА Газпром лигата.

Тренерот на клубот Стефче Алушовски ќе има на располагање 20 ракометари. Екипата ќе биде сместена во Охрид и таму ќе тренира, а ќе патува секојдневно на натпреварите во Струга.

Имаа период од неколку седмици каде се „набиваше кондиција” и се вклопуваа новите играчи. Се темпираше новата форма, се воигруваа новите акции, се повторуваше од што во минатото функционираше добро.

Стартува струшкиот турнир со дербито Еурофарм Пелистер-Металург

Презадоволен сум од работната атмосфера. Се работеше најмногу на физичка подготовка, а попладне и на тактика. Ни претстои уште доста за да дојдеме до посакуваното ниво за Лига на шампионите. Струга е прв турнир на кој ќе провериме се што работевме изминатиот период. Тука мислам на она што го вежбавме.
Сите играчи ќе добијат шанса. Вардар 1961 како европски првак оди со цел да го освои турнирот во Струга. Не можам да кажам дека резултатот не е важен, но во преден план е формата – рече Алушовски.

Последен пат Вардар 1961 има триумфирано во Струга во 2007 година. Сега 13 може да биде и среќен број. Има доста играчи што се првпат во Вардар 1961, ќе им биде ова прво играње вака на отворено на поинаква подлога.

Не дека одиме да се проверуваме само. Нормално е дека одиме да победиме. Бројките се само бројки. Вардар 1961 не учествувал одамна на турнирот. Сега сме повторно тука да играме и да се надигруваме. Сите поминале низ различни категории во клубовите од каде доаѓале, па и различни турнири и места. Условите во Струга се исти за сите екипи. Подлогата е поразлична, потврда од оваа во Скопје. Ќе треба да се навикнеме. Имаме доста нови играчи што треба да се воиграат. Не сме на посакуваното ниво, Работиме да направиме да стигнеме до онаму каде сакаме да бидеме – додаде стратегот на Вардарци.

Ривали во Струга ќе им бидат Охрид, Еурофарм Пелистер 2 и Бутел.

Екипата на Охрид од лани ја знам. Се работи за квалитетен тим што не е за потценување. Еурофарм Пелистер 2 е млад тим со неколку искусни играчи кои имаа настапувно за посериозни екипи. Бутел е тим што е во врвот на домашното првенство. Овој момент е добро да играме вакви натпревари. Ние сме фаворити, но никого не потценуваме. Ова ќе биде вистинска проверка на се што сме работеле – се зборовите на Алушовски на клупскиот сајт на РК Вардар 1961.

Вардар 1961 сите три натпреварувачки денови своите мечеви ги игра во вечерен термин од 21.15 часот. Во четврток ќе играат против Охрид, в петок со Еурофарм Пелистер 2 и во сабота со Бутел. Финалните средби ќе се играат во недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот