Алушовски: Реалноста е дека Веспрем е подобар тим од Вардар во моментов

Македонскиот тренер Стевче Алушовски/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар се елиминирани во осминафиналето во Лигата на шампионите откако и во вториот натпревар загубија од Веспрем (39:30). Тренерот на „црвено-црните“ по натпреварот му честиташе на унгарскиот тим признавајќи дека тие беа поквалитетен ривал.

– Честитки до тимот на Веспрем за заслужениот пласман во четвртфиналето. Тие беа подобар противник, исто како и на мечот во Скопје. Реалноста е таа, Веспрем е многу подобар тим од Вардар во моментов. Ние повторно имавме многу проблеми, особено во првото полувреме. Се обидовме и со „седум на шест“, но не можевме да сториме ништо повеќе против овој поквалитетен ривал. Му посакувам на Веспрем се најдобро во следната рунда – изјави Алушовски на прес-конференцијата по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот