8 C
Скопје

Алушовски: Против Брест Мешков да го обезбедиме шестото место

Ракометарите на Вардар утревечер (18.45 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одиграат последниот натпревар во групната фаза во Лигата на шампионите против Брест Мешков.
Поради пандемијата на коронавирусот која не дозволува да се одиграат сите предвидени натпревари во групната фаза, ЕХФ одлучи сите екипи да обезбедат пласман во осминафиналето, а мотивот на вардарци на утрешниот натпревар е подобра позиција на табелата и евентуално осминафинален дуел со европскиот шампион Кил. Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, очекува неговите ракометари против да се „извадат“ за слабото издание во СЕХА лихата и поразот од Мотор Запорожје.
– За нас е последен во групната фаза од Лигата на шампионите сезонава. Важен натпревар за нас, и ако се биде според најавите би требало да бидеме на 6. место на табелата и би играле веројатно со Кил. За нас е најважно што треба да ја подигаме формата, да се докажуваме на секој натпревар. Она последното гостување во Украина не бевме на нивото на кое треба да сме. Можеби од објективни причини, бевме без неколкумина, но немаме оправдување. Очекувам во четврток машка и цврста борба што ќе ни даде поголеми шанси. Мешков сезонава го победи ПСЖ, играше нерешено и со Фленсбург. Таму Сташ Скубе е лидер на екипата. Имаат 16 играчи на секоја позиција. Сериозен противник против кого треба сериозно да пристапиме. Оваа сезона ова 6. место би било заслужено, имавме неколку несреќно загубени натпревари, и кога ќе сумираме групна фаза треба да бидеме задоволни и да се спремите за осминафиналето – вели Алушовски.

Прочитајте и...  Уште еден англиски клуб се двоуми околу Суперлигата, битката за милијардите може да се префрли во судовите

Поврзани вести

Дефинитино е крај, сите англиски екипи излегуваат од Суперлигата

Слободен печат

Хаос во Ливерпул: Спонзорот си замина, капитенот ја нападна управата поради Суперлигата

Слободен печат

Квалификации за СП: Црногорките ќе играат на ракометниот Мундијал

Слободен печат

ЕХФ Лига на Европа: Познати сите учесници на фајнал-фор

Слободен печат

Завршен состанокот на екипите основачи на Суперлигата, засега само Сити официјално се откажа

Слободен печат

ВИДЕО: Шалке испадна од Бундеслигата по точно 30 години

Слободен печат

Остави Коментар