Алушовски: Порто е репрезентација на Португалија во мало!

фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Вардар 1961 се подготвува за само својот шести натпревар во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што другите екипи од групната фаза веќе имаат одиграно по осум или девет мечеви оваа сезона.

Следниот предизвик на „црвено-црните“ в четврток (20.45 часот) ќе биде гостувањето кај Порто во Португалија.

Во групата „А“ македонскиот претставник е моментно е на последното осмо место со три бода, додека Порто на нашиот голман Никола Митревски е на петтата позиција со шест. И покрај трите порази, играчите на Стевче Алушовски ги одржуваат шансите да се најдат барем на една од позициите кои водат во осминафиналето.

Составот на Вардар 1961 за претстојниот меч во ЛШ е истиот кој настапи и против хрватскиот Нексе во СЕХА: Ристовски, Кизиќ, Димитриоски, Дибиров, Чупиќ, Георгиевски, Векиќ, Вујин, Јагуриновски, Талески, Јотиќ, Гаџа, Стоилов, Валчак, Калараш и новото засилување Шеваљевиќ.

– Пред натпреварот со Порто одработивме еден тренинг. Имавме тежок натпревар против Нексе кој до последната минута беше неизвесен. Се потрудивме позитивните работи од тој меч да ги пренесеме и тргнеме од тука со позитивна енергија и сè што значи позитивна мисла за дуелот со португалската екипа. Мислам дека добро ги анализираме, добро работиме на тренинзите и ќе бидеме подготвени за натпреварот во четврток.

Ни претстои уште едно патување и уште еден тренинг таму на кој ќе договориме уште неколку детали кои што треба да ги одиграме на натпреварот. Нормално дека нè очекува тежок натпревар, Порто е практички е „репрезентација на Португалија во мало“. 12 репрезентативци во тимот на Порто, очекувам дека најголемата опасност ќе доаѓа од нивните бекови, пред сè тука мислам на левите и средните бекови. Доколку успееме да ја затвориме соработката меѓу нивните бекови, мислам дека имаме шанси да направиме добар резултат во Порто – вели тренерот на Вардар 1961, Алушовски.

Вардар 1961 ја забележа и втората победа во СЕХА лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот