Алушовски: Порто добро ја простудира нашата игра, затаивме во нападот

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски на прес конференцијата по натпреварот со Порто истакна „црвено-црните“ пропуштија шанса да победат, но и дека Порто во исто време заслужи да не загуби.

– Честитки за Порто на добриот меч. Тоа што го кажавме пред натпреварот дека ќе биде многу тешко, дека играат многу добро 7 на 6 и на крајот се оствари. Немавме среќа, не се радувавме, но можеби Порто освои заслужен бод. Очигледно добро ја простудирале нашата игра, а голем хендикеп беше за нас отсуството на Дисингер, зашто немавме шут од далечина освен Вујин. Мислам дека одбраната беше коректна, но во нападот затаивме. Им честитам на моите момци ова е голем бод за нас на крајот – изјави Алушовски.

Прочитајте и...  Стадионот на Наполи ќе се преименува во Диего Марадона?

Стрелецот на пет гола за Вардар, Марко Вујин истакна дека на крајот неговите соиграчи треба да бидат среќни што дојдоа до бод иако одеа на победа.
– Честитки на Порто за добрата игра. Ние имавме доста проблеми во нападот, со технички грешки и со промашени зицери и се надевам дека ќе го корегираме тоа во наредните натпревари. Поделбата на бодовите мислам дека е најреален резултат, затоа што не бевме на нивото од Фленсбург. На крајот можеме да бидеме среќни што освоивме бод иако одевме на два – вели Вујин.

Поврзани вести

ЛШ: „Кралевите“ го бутнаа Интер на работ на елиминација, Аталанта го шокира Ливерпул (ВИДЕО)

Слободен печат

Алушовски: Ова е реален резултат

Слободен печат

Последната фотографија на Марадона: Ја преживеа операцијата на главата но го издаде срцето

Слободен печат

Вардар без шанси против Киелце

Слободен печат

ВИДЕО: Неапол тагува за својот херој и идол: Муралот на Диего „гори“ во тишина

Слободен печат

Не сум комунист, туку Фиделист: Марадона почина на ист ден како и на политичарот на кој му се воодушевуваше

Слободен печат

Остави Коментар