Алушовски: Подготвени сме за Киелце, се надевам на победа

фото: Слободен Печат/Драган Митревски

Возбудувањата во ракометната Лига на шампиони продолжуваат со натпреварите од седмото коло, а една од дерби пресметките ќе се одржи токму во Скопје.
По двонеделна пауза, ракометатите на Вардар ги продолжуваат настапите во ЛШ, во СРЦ Јане Сандански го пречекуваат добро познатиот ривал, полскиот Киелце.

Тренерот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски е оптимист и верува дека неговите ракометари на крајот ќе се радуваат на победата.

– Она што треба да го кажеме пред натреварот со Киелце е дека имавме двајца играчи кои имаа проблеми со повредите. Ловро Јотиќ имаше мала повреда на скочниот зглоб за време на ЕХФ неделата кога остана во Скопје и тренираше тука, а Филип Талески од репрезентативната акција се врати со оток на коленото. За среќа нашиот лекарски тим успеа да ги оспособи и ќе бидеме комплетни за натпреварот.
Не очекува тежок натпревар со лидерот во групата и според мене екипа која досега покажа најмногу во групата. Максимално незгоден противник за кој настапуваат и поранешни ракометари на Вардар, Карачиќ и Душебаев кои знаат што значи да се игра во Скопје. Очекувам неизвесен натпревар, а клучот на успехот треба да биде играта на нашата одбрана. Се подготвуваме, анализираме од каде доаѓа опасноста и мислам дека ќе бидеме максимално подготвени за овој предизвик. Се надевам дека ќе одиграме на нивото на двата наши претходни натпревари во Скопје против Флензбург и Порто, и оптимист сум. Иако не очекува тежок натпревар, се надевам на победа на мојот тим. Верувам дека можеме да победиме – вели Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот