Алушовски: Ова е реален резултат

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар во само шест дена го претрпеа и вториот пораз во натпреварите со Киелце во Лигата на шампионите. Овој пат на гости и тоа со поубедливи 36:29 во однос на натпреварот во Скопје

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски вели дека овој резултат е реален, посебно поради лошата игра на неговите ракомерари.

– Честитки за Кјелце и за Талант Душебаев за уште една победа против нас во седум дена. Денеска добро го почнавме натпреварот, но брзата транзиција на Кјелце во продолжението ни направи проблем. Тим како Кјелце, кој игра во моментов, можеби најдобра транзиција од одбрана во напад, знаеше како да го казни тоа. Во второто полувреме се обидовме да одиграме 7 на 6, но повторно имавме проблем да организираме квалитетен напад. Во одбраната игравме без енергија, особено во дуелите еден на еден и на крај. Ова е реалниот резултат – изјави Алушовски на прес конференција по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот