Алушовски: Ние сме европски шампиони, но поради состојбата во клубот не сме фаворити против Монпелје

Ние сме европски шампоини, домаќини сме, но ситуацијата во која се наоѓа клубот не ни дозволува да кажеме дека сме фаворити. Нема да излеземе со бело знаме но краткиот ростер и многуте проблеми, пред се здравствени кои што ги имавме неделава оставаат резерва кај мене пред натпреварот, вели тренерот на Вардар.

Европскиот шампион Вардар в сабота (17.30 ч.) во СРЦ Јане Сандански против екипата на Монпелје ги завршува настапите во групната фаза од ракометната Лига на шампините.
Вардарци го имаат обезбедено настапот во осминафиналето, во пресрет на последното коло од групата Б „вардарци“ се шестопласирани и со теоретски шанси за петтото место на табелата кое носи и полесен противник.

Сепак, поради финансиските проблеми со кои се соочува тимот, расположението не е на највисокото ниво во „црвено-црниот“ табор и поради тоа му ја препуштаат фаворитската улога на Монпелје.

– Во сабота нè очекува еден тежок натпревар. Нашата примарна цел и пласманот во Топ 16 фазата ги остваривме на натпреварот со Мотор. Знаете дека имаме краток ростер, потоа имавме проблеми со двајца играчи кои беа болни (Калараш и Горбок) и фактички не можевме да направиме комплетен тренинг. Но тоа нема да биде изговор или алиби, ќе го дадеме нашиот максимум. Гледавме анализираме, она што во овој момент можеме да го кажеме е дека ќе се бориме за секоја топка и само така може да се надеваме да позитивен резултат против Монпелје. Ние сме европски шампоини, домаќини сме, но ситуацијата во која се наоѓа клубот не ни дозволува да кажеме дека сме фаворити. Нема да излеземе со бело знаме но краткиот ростер и многуте проблеми, пред се здравствени кои што ги имавме неделава оставаат резерва кај мене пред натпреварот – вели Стевче Алушовски, тренерот на Вардар.

И капитенот Стојанче Стоилов се согласува со зборовите на својот тренер.

– Ситуацијата е таква каква што е. Играме дома против Монпелје кој е апсолутен фаворит на натпреварот. Наше е дадеме се од себе и да пробаме да ги изненадиме – изјави Стоилов.

Интересно е што Вардар на првиот меѓусебен натпревар со Монпелје, славеа на гости со 33:31.

– Без разлика на тој меч прв во Франција, кој Вардар го доби, но оттогаш од Вардар си заминаа пет играчи, и ќе биде многу тешко.Пак ќе речам, нема да одиме со бело знаме, ќе се бориме, но ситуацијата во која сме и здравствени проблеми не ми дава за право да речам дека сме фаворити – додава Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот