Алушовски: Не смееме да ги потцениме Финците

В недела (13 октомври) од 17.00 часот во салата „Боро Чурлевски“ – Битола, екипата на Еурофарм Работник во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите ќе игра против Кокс од Финска и е можеби најдобрата шанса македонскиот претставник да ги запише првите историски бодови.

На табелата во групата „Ц“ водат Бидасоа Ирун и Савехоф по шест бода, четири има Спортинг, два Кокс, а без бодови се Еурофарм Работник и Татран Прешов.

Пред новиот меч во најквалитетното европско клупско ракометно натпреварување, тренерот на битолчаним Стевче Алушовски вели дека неговите играчи се уморни и повредени, но се спремни за тежок за дуел со Кокс.

facebook.com/rkeurofarmrabotnik/

Повредени се Маркоски, Стјепановиќ и Јотиќ и без нив ќе им биде исклучително тешко да се игра. Но, тоа не значи дека нема да се обидат да дојдат до првата историска победа во Лигата на шампионите.

Прочитајте и...  Француски лекар: Не требаше да се одигра натпреварот Лион-Јуве! (ВИДЕО)

– Финците се незгоден противник, го изненадија Татран Прешов пред неколку недели. Кокс е екипата која три години игра заедно и не смееме ниту да ги потцениме, ниту да ги прецениме. Минатата сезона го изненадија Флензург и тоа треба да ни биде предупредување. Сезонава играат со големи осцилации, првите два натпревари играа многу слабо, па го победија Татран. Два тренинзи потрошивме да ги анализираме, а и денеска ќе работиме на подготовката на натпреварот. Ако не сме максимално сериозни ќе имаме големи проблеми. Не сакам да звучам песимистички, но претпазлив сум и заради заморот, повредите и патувањата – рече Алушовски.

Левото крило на Еурофарм Работник, Гоце Ојлески вели дека нема да се испушти шансата да се слави триумф.

Прочитајте и...  Светски рекордер уапсен бидејќи не го почитувал полицискиот час

– Жалиме за пропуштените шанси на претходните три натпревари, но сметам дека на овој дуел имаме шанси за победа. Имаме проблеми со повредени ракометари, уморни сме, но системот и календарот се такви. Сите кои сме дел од составот ќе дадеме максимум и нема да ја испуштиме шансата да славиме победа – вели Ојлески.

Судии на неделната пресметка меѓу Еурофарм Работник и Кокс се Миклош Андорка и Роберт Хукер од Унгарија, а ЕХФ делегат е Хрватот Синиша Рудиќ.

Прочитај повеќе

Клубовите се договорија: Премиер лигата нема да продолжи во мај!

Слободен печат

Француски лекар: Не требаше да се одигра натпреварот Лион-Јуве! (ВИДЕО)

Слободен печат

ХИТ ВИДЕО: На мачката и даде име по голманот на Јувентус и ја научи да брани (ВИДЕО)

Слободен печат

Бил Гејт пред два месеци го предупредил Рафа Надал за коронавирусот

Слободен печат

Светски рекордер уапсен бидејќи не го почитувал полицискиот час

Слободен печат

Грбиќ: Ние луѓето сме вирус на планетата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тевез ги нападна фудбалерите: Лицемери, излезете на улица

Слободен печат

Драма во Белгија: Авиониот на Меси приземјен поради дефект

Слободен печат

Ванда Нара донесе одлука во името на Икарди и го шокира Интер

Слободен печат

Порака од УЕФА: Нема настап во Евро куповите ако не се завршат националните првенства

Слободен печат

Клоп летово си заминува од Ливерпул и се враќа во Германија?

Слободен печат

Лоренцо беше Мото ГП шампион, а немал возачка дозвола

Слободен печат