Алушовски: Не бевме покреативни, Спортинг ги казнуваше нашите грешки!

принтскрин/facebook.com/rkeurofarmrabotnik/

Македонскиот ракометен клуб загуби на стартот од Лигата на шампионите оваа сезона, во Битола во салата „Боро Чурлевски“, португалскиот Спортинг славеше минимално, иако избраниците на тренерот Стевче Алушовски имаа позитива на паузата.

Еурофарм играше особено добро во првите 30 минути во одбрана и напад, но во вториот дел настапија техничките грешки, не се реализираа голови со играч повеќе, два нереализирани пенали, а тоа ривалот знаеше искусно да го казни.

Најпрвин да му честитам на Спортинг за победата, добрата игра и заслужените два бода. Мислам дека кога играте на ова ниво на Лига на шампиони треба да сте малку пообјективни во нападот, покреативни, со повеќе идеи, да се игра побезобразно, но тоа денеска го немавме. Спортинг знаеше да ги казни нашите грешки со голови од контра и полуконтра. И тука ја гледам разликата во конечниот резултат и секако некои договорени работи кои што не ги испочитувавме во делот на одбраната. За жал дебито во елитното натпреварување заврши со пораз, сега пред нас останува да работиме, да се трудиме со цел да стигнеме до првата победа во ЛШ – изјави Алушовски на прес конферецијата после мечот.

Играчите на битолската екипа полека го забораваат овој меч, бидејќи веќе в среда (18 септември, 19.00 часот) ги очекува нова пресметка во ЛШ во Шведска против Савехоф во рамките од „Ц“ групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот