8 C
Скопје

Алушовски: Натпреварот со Елверум физички и психички не исцрпи, но против Мотор одиме на победа

По победата над Елверум со која го прекина четиримесечниот пост во Лигата на шампионите, Вардар викендов ги продолжува настапите во СЕХА лигата. Вардарци утревечер (20.15 ч.) му гостуваат на Мотор Запорожје, а тренерот Стевче Алушовски смета дека неговите ракометари ги очекува тежок натпревар.

– Пред натпреварот со Мотор морам да кажам дека игравме тежок дуел со Елверум, кој и физички и психички ја исцрпи екипата. Имаме малку време да се подготвиме за Мотор, патуваме за Истанбул каде ќе спиеме, па од таму одиме за Запорожје. Ќе одработиме еден тренинг во Украина да потврдиме што е најважно за нивната игра, откако ќе ги анализираме.
Мотор е квалитетна екипа која запиша одлични резулати во Лигата на шампионите, игра модерен брз ракомет, со многу транзиција и трчање. Тоа што е различно од минатата сезона е што имаат нов тренер, нови играчи. Меѓутоа, според мене најважно е како ќе се справиме со Маласинскас, кој е „мотор“ на тимот, сè поаѓа од него. Не сме без шанси, одиме да направиме што е можно подобар разултат. Ќе дадеме максимум од нас – вели Алушовски кој потврди дека за прв пат дел од тимот ќе биде Стефан Атанасовски и тоа на местото на Јагуриновски кој е повреден.

Прочитајте и...  Навивачите на Јунајтед слават, Вудворд си заминува од „Олд трафорд“

Поврзани вести

Квалификации за СП: Црногорките ќе играат на ракометниот Мундијал

Слободен печат

ЕХФ Лига на Европа: Познати сите учесници на фајнал-фор

Слободен печат

Завршен состанокот на екипите основачи на Суперлигата, засега само Сити официјално се откажа

Слободен печат

ВИДЕО: Шалке испадна од Бундеслигата по точно 30 години

Слободен печат

Фијаското со Суперлигата ќе ја земе „главата“и на Перез?

Слободен печат

УЕФА ја добива војната со Суперлигата, и Ањели си замина од Јувентус

Слободен печат

Остави Коментар