Алушовски ја направи првата прозивка: Не очекува пеколен февруари

фото: РК Вардар

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во која ги олекуваат натпревари во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и во домашните натпреварувања.
На стартот од подготовките ги нема македонските репрезентативци Стоилов, Мишевски, Талески, Димитриоски, Хрватот Чупиќ како и Полјакот Валчак, додека Кристијан Дисингер кој отпадна од списокот на германскиот селектор за СП во Египет во четврток ќе и се приклучи на екипата.

Вардарци ги очекува пеколен февруари во кој треба да одиграат седум натпревари во Лигата на шампионите, но и натпревари во СЕХА лигата.

фото: РК Вардар

– Пред стартот на втората полусезона можам да кажам дека имаме краток период пред нас за подготовки за тоа што не очекува со тој згуснат распоред. Од денеска па во наредните три недели треба да се подготвиме за тоа што не очекува. Во моментот ни фалат седум ракометари кои се со репрезентацијата, Кристијан Дисингер се враќа во четврток бидејќи отпадна од германската репрезентација за СП. Жал ми е за него, но во исто време среќен сум што ќе го имаме на подготовките. Репрезентативците Стоилов, Мишевски, Таљлевски, Димитроски исто така ќеотсуствуваат од подготовките. Сакам Македонија да игра на СП но би бил среќен доколку и тие ни се приклучат на подготовките.

фото: РК Вардар

Чупиќ и Валчак сигурно ќе отсуствуваат до 28 јануари. Се надевам дека само без овие двајца ркаометари ќе ги одработиме овие подготовки за најважниот натпревар според мене, тој со Порто на гости каде што се надевам на позитивен резултат кој би бил мотив повеќе да направиме нешто за остварување на нашите цели.
Имавме големи проблеми со коронавирусот и се надевам дека тоа е зад нас и сите ќе бидеме здрави во наредниот период.

фото: РК Вардар

Во февруари имаме и два натпревари во Сеха како и натпреварот со ПСЖ кој нема датум, но ние до 4. март треба да играме 11 натпревари но тука не се само натпреварите има и патувања, подготовки за секој натпревар. Ќе биде пеколно, многу тешко, треба да бидеме максимално фокусирани и дадеме атом повеќе од себе за да може да го остварите тоа што е зацртано.
Размислувам позитивно и очекувам дека овој тим ќе биде доволен да го изнесе целиот товар, но нема да биде изненадување доколку дојде најмалку еден играч. Оптимист сум, среќен сум што подсолго време се собравме.Мислам дека најтешкиот период е зад нас и со позитивна мисла ги започнуваме подготовките – вели тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот