Алтмајер: Во интерес на ЕУ е да почнат преговори со Скопје и Тирана

Интерес на Германија и на Европската Унија е што побрзо да почнат преговорите со Македонија и со Албанија за нивна интеграција во Унијата, изјави германскиот министер за економија Петер Алтмајер.

Алтмајер кој деновиве доаѓа во посета на Балканот, за германскиот весник „Билд” вели дека е разочаран од исходот на Самитот на ЕУ во Брисел.

– Во наш интерес е да ги почнеме преговорите со Северна Македонија и Албанија, признавајќи ги нивните големи напори за демократија и стабилност. Пристапните преговори со двете земји треба да почнат што е можно побрзо – рече Алмајер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот