Алтернатива влегува во Владата: Одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство

Африм ГАши

Алтернатива вечерва на седница на Централниот одбор, одлучија да се приклучат на парламентарното мнозинство и да влезат во Владата. Ова го соопштија вечерва на прес-конференција од партијата.

-Алтернатива одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство и да биде дел од оваа влада. Сметаме дека затворањето на спорот со Бугарија не е само државна, туку и албанска цел, затоа што со затворањето на тоа прашање, се отвора патот на целиот регион кон ЕУ.

Дополнително како партија бараме меѓународна истрага за случаите Монструм, Алфа, Диво Насеље.

Се одлучивме на ваков чекор поради влезот во НАТО, решавање на спорот со Грција. Сметаме дека постигнувањето на договорите е голема работа за нашата држава, за Албанците, но и победа на Алтернатива, велат од партијата.

Од Алтернатива најавија нова прес-конференција утре на која ќе бидат соопштени детали околу тоа кои министерски места и ресори ќе им припаднат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот