Алтернатива на Африм Гаши ја предлага Фатиме Фетаи за шефица на новото обвинителство – Слободен печат
ВестиМакедонија

Алтернатива на Африм Гаши ја предлага Фатиме Фетаи за шефица на новото обвинителство

Сега, кога треба да се избира новото име за управување со новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока, ја предлагаме обвинителката Фатиме Фетаи да раководи со него, велат од партијата Алтернатива на Африм Гаши.

„Како кадар која досега не оставила зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земја. Се надеваме дека и другите политички фактори во земјава ќе рефлектираат во однос на овој предлог и ќе ги надминат нивните етнички и политички линии за да и гарантираат на Северна Македонија правда, која ќе биде клуч и за владеењето на правната држава, но и за а долгоочекуваната евро-атлантска интеграција“, наведуваат од Алтернатива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close