Алтернатива ја повлече Садики-Шаини од заменичка на Стоиљковиќ

Сафиије Садики Фото: Алтернатива

Коалицијата Вреди го повлече предлогот Сафије Садики-Шаини од Алтернатива да биде заменичка министерка во Министерството за односи меѓу заедниците, откако мандатарот Христијан Мицкоски за министер во тој ресор и вицепремиер го предложи Иван Стоиљковиќ од Демократска партија на Србите и коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Садики-Шаини сега е предложена за заменик министерка во новото Министерство за спорт со кое ќе раководи Борко Ристовски.

Информацијата за „Слободен печат“ ја потврди Орхан Муртезани од Алтернатива и предлог за министер за евроинтеграции.

Од Вреди не потврдуваат дали смената на ресорите во вториот владин ешалон е поради несогласувањето Стоиљковиќ да биде вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, што пак, предизвика бурни реакции од Европскиот фронт, а со решението не беа задоволни ни Вреди. Критиките за Стоиљковиќ се дека е проруски настроен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот