Алтернатива го сака местото на Филипче?

Африм ГАши

Алтернатива го сака Министерството за здравство и едно вицепремиерско место од четирите колку што постојат, објави телевизијата Алсат, повикувајќи се на извори блиски до преговорите кои се водат меѓу партијата на Африм Гаши и СДСМ околу евентуалниот влез на Алтернатива во владата.

И покрај тоа што Алтернатива смета дека е сè уште рано да се зборува за поделба на ресорите, неофицијални извори велат дека Беким Сали е името кое се спомнува во партиските тела за министер за здравство, пишува Алсат.

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Гаши во Клубот на пратениците и по четири часа разговори, владината прес-служба соопшти дека тие постигнале „начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка, изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата“.

-Започнаа разговорите за преземање и споделување одговорности во интерес на граѓаните и државата, пришто се разменија мислења околу можните кадровски решенија кои треба да ги преземат потенцијалните обврски и одговорности, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт, стои во соопштението на владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот