Алтернатива до среда ќе соопшти дали нејзините пратеници ќе гласаат да се сруши владата

Централното раководство на Алтернатива вечерва одржува состанок, откако денеска пратеникот од оваа партија Скендер Реџепи изјави дека нема да биде дел од списокот за ново парламентарно мнозинство, ниту ќе го поддржи гласањето за доверба на владата во четврток, доколку на списокот останат и пратениците на Левица.

Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани изјави дека дебатите траат и во овој момент и тие немаат никаква одлука, но дека нивните пратеници ќе бидат единствени, каква и да биде таа.

– Со оглед на тоа дека имаме време до четврток, дискусиите во партијата ќе продолжат и утре и најдоцна до среда ќе имаме конкретен став како ќе настапат нашите пратеници. Меѓутоа, едно сигурно можам да кажам – каква било одлука и да имиме тоа ќе се почитува од сите пратеници од Алтернатива, рече Муртезани.

Покрај Скендер Реџепи, пратеници од Алтенатива се и лидерот на партијата Африм Гаши, Сафије Садики-Шаини и Хисни Исмаили.

Видео на денот