Алтернатива бара Реџепи да го врати пратеничкиот мандат

Скендер Реџепи Алтернатива
Скендер Реџепи / Фото: Слободен печат- Драган Митрески

Пратеникот Скендер Реџепи треба да го врати мандатот кој го доби во име на партијата откако вчера информира дека  ќе дејствува како независен пратеник во Собранието, изјави портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани.

-Одлуката на Реџепи е исклучиво лична и не станува збор за никаков став којшто е поврзан за некоја партиска структура или партиски орган на Алтернатива. Алтернатива изразува жалење за оваа одлука на пратеникот Реџепи и ја известува јавноста дека оваа одлука нема да влијае на групата пратениците на Алтернатива, ниту на парламентарното мнозинство, ниту на учеството на Алтернатива во извршната власт. Индикативно е неговото повлекување во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство, на за ова прашање треба тој сам да даде одговор – рече Муртезани.

Од партијата се надеваат дека, бидејќи мандатите на овој парламентарен состав, следствено и на Алтернатива, се добиени под логото и во име на партијата, а не како независни кандидатури, пратеникот Скендер Реџепи во име на политичкиот морал и должностите кон партиските структури ќе го врати мандатот, при што Алтернатива би била благодарна за досегашниот придонес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот