Алонсо за најтешкиот момент во кариерата: По 20 минути сакав да го напуштам теренот!

Фото: EPA-EFE/KIKO HUESCA

Чаби Алонсо неодамна гостуваше во емисијата на Џејми Карагер во чиј разговор потсети на различни моменти од неговата богата кариера, со посебен акцент на оној што го смета за најтежок.

Тоа беше натпреварот на „Камп Ноу“ во кој Барселона на Пеп Гвардиола го декласираше Реал Мадрид на Жозе Мурињо со 5:0.

– Лигашкиот натпревар на „Камп Ноу“ кој го загубивме со 5:0 беше најлошата ноќ што ја доживеав на теренот. По 20 минути сакав да го напуштам теренот и да одам дома. Сакав да се истуширам и да одам дома, беше така болно – се присети легендарниот Шпанец и додаде:

– Но, тоа исто така ни донесе одлучност за следните сезони. Знаевме дека нашите противници ќе нè „убиваат“ редовно доколку бидеме фини на теренот.

На клупски план има голем број на титули со Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, а со репрезентацијата на Шпанија беше двапати европски шампион и еднаш светски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот