Алонсо: Мик Шумахер мора да ја искористи првата шанса и да влезе во Ф1

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Синот на седумкратниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер, Мик, го тестираше болидот на Ферари и оствари одлично време завршувајќи како трет на патеката во Бахреин. Тој во првиот ден го возеше болидот на Ферари и имаше подобро време дури и од актуелниот шампион Луис Хамилтон, додека вчера го тестираше болидот на Алфа ромео и имаше шесто најбрзо време. Со ова презимето Шумахер по пауза од 10 години повторно се појави на болид во Ф1.

Воодушевувањето од одличното возење, но и враќањето на презимето Шумахер на патеките не го криеше двојниот светски шампион Фернандо Алонсо, кој смета дека младиот Мик не смее да чека предолго и првата шанса која ќе му се укаже мора да ја искористи.

– Секогаш е подобро порано да се влезе во Формула 1. Никогаш не знаеш кога „возот“ на Ф1 ќе дојде кога си млад. Тој оваа сезона вози во Формула 2 шампионатот и претпоставувам дека на тоа ќе биде концентриран цела сезона. Ако има добри резултати и добие понуда од некој Ф1 тим, треба да го фати тој „воз“ – вели Алонсо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот