Алонсо ја чува клупата на Баерн за сензационален кам бек?!

Вест број еден во Бундес лигата е дека Баерн Минхен планира да го врати Пеп Гвардиола на клупата и тоа идното лето. Според медиумите, управата на „баварците“ ќе чека да заврши сезоната и потоа да го избере долгорочното решение за клупата.

Тие планираат да го ангажираат поранешниот фудбалер Чаби Алонсо кој би ја завршил сезоната, а потоа би останал во тимот како помошник на Пеп Гвардиола.

twitter.com/City_Xtra

Овие информации предизвикаа паника во сегашниот клуб на Гваридола, Манчестер сити, бидејќи неговата сопруга Каролина ја напушти Англија заедно со децата, но блиски пријатели на тренерот не веруваат дека тој би си заминал една година пред да му истече договорот/

Сепак во Баерн се надеваат дека ќе успеат да го убедат Пеп повторно да седне на клупата, а имаат голем адут во ракавот. И на самиот Пеп но и на неговото семејство им се допадна престојот во Германија, дури и сопругата Каролина ја засака државата и се убедени дека под влијание на сопругата, Гвардиола ќе одлучи да се врати во Бундес лигата.

Од друга страна, Шпанецот смета сегашниот негов помошник Микел Артета е подготвен да го презеде водењето на Манчестер сити. Потврда на овие шпекулации е и одбивањето на Артета да го наследи Унаи Емери на клупата на Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот