Алонсо го најави натпреварот со Висла: Со поддршка од публиката во Битола можеме до победа

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Eкипата на Еурофарм Пелистер утре од 20:45 часот го игра натпреварот против Висла Плоцк во рамките од 10. коло во Лигата на шампионите.

Натпреварот македонскиот шампион го игра на домашен терен и тренерот Раул Алонсо очекува публиката да даде дополнителем мотив со цел да се дојде до позитивен резултат.

„Висла има тим кој може да стигне далеку во Лигата на шампионите. Станува збор за голем проект, не само во Полска, туку и на меѓународна сцена. Можеби во овој момент не се на местото каде што треба да бидат. Овој натпревар за нас е од исклучителна важност, посебно затоа што играме пред своите навивачи. Тука го гледам клучот за успехот. Резултатот за да биде добар, мораме да бидеме добри од самиот старт. Секојдневно се среќавам со позитивно искоство, се обидуваме нешто да промениме, но одиме чекор по чекор. Задоволен сум од тоа како досега изгледа екипата“, изјави Алонсо.

На табелата во групата Еурофарм Пелистер има четири бода на седмата позиција, а исто толку и Висла која е едно место погоре. Последна е Фредериција со бод помалку.

Натпреварот е од исклучителна важност за двете екипи бидејќи шестото место обезбедува место во следната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот