Ало педери, ни умре уште едно дете!

Фото: Маја Ивановска/ Цивилмедиа

Додека македонската јавност се занимава со последната изјава на премиерот Зоран Заев, која предизвика бурни реакции, во скопски Аеродром, синоќа е убиено 17 годишно момче.

Младиот Никола Христовски, според информаците од МВР е убиен од врсник, по некаква банална кавга. Но, за згаснатиот млад живот, нема реакции во јавноста, ни оддалеку такви какви што се реакциите за употребата на зборот „педер“ од премиерот Заев.

Оваа вест остана како само уште еден случај од црната хроника на полицискиот билтен.

Не така одмана, јавноста бурно реагираше на ваквите случувања во нашето општество, а сега се чини дека некако се навикна на овие трагедии. Нема реакции ниту од државните институции, ниту од невладиниот сектор. Штама! Општеството ни е толку заслепено од дневно-политичките случувања, што едноставно заборави на младите. Декларативната заложба на владата за задржување на младите во земјата од оваа денешна перспектива изгледа не само подзаборавена, туку можеби и контрапродуктивна.

Малкумината кои објавија повеќе детали за синоќешното убиство, повторно се обидуваат да создадат слика за уште еден настан поттикнат од етничка нетрпеливост, а со тоа и да додадат сол на раната.

Ало педери, ни умре уште едно дете!

Извор: Цивилмедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот