Алкараз: Секоја чест за Ѓоковиќ, „гладен и импресивен“, не ми даваше шанси

фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по поразот во финалето на олимпискиот турнир изјави дека Новак Ѓоковиќ беше „гладен и импресивен“ и дека не му даваше шанси во финалето и му честиташе на Србинот за освоениот златен медал.

– Многу пати слушнав за тоа колку Ѓоковиќ го сака златото, тој самиот зборуваше за тоа. Во неизвесни моменти, во тај брејковите играше импресивно, тогаш ја видов неговата глад за медал, да тргне по него. Беше подобар во тимските ситуации и заслужи да победи – рече Алкараз на прес-конференцијата.

Како што истакна Алкараз, овој пораз е само лекција за него.

– Учам од овие ситуации. Загубив неизвесен меч, но целиот турнир беше добар. Претходно кажав дека учам од поразот од Новак и така ќе биде и сега. За следниот пат да не ги правам истите грешки, Морам да стекнам искуство и после тоа ќе бидам подобар играч, позрел“.

Шпанскиот тенисер истакна дека овој турнир ќе го памети до крајот на животот.

– Играв во двојки со Рафаел Надал, го освоив првиот, се надевам не и последниот олимписки медал. Среброто им го посветувам на сите Шпанци, на моето семејство, на сите што се со мене откако почнав да играм тенис – се зборовите на Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот