Алкараз: Сакам да играм против Ѓоковиќ кога е во најдобра форма, тогаш ќе уживам

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз откако се пласираше во четвртфиналето на мастерсот во Мајами порача дека би сакал да игра против Новак Ѓоковиќ и тоа кога српскиот тенисер во најдобра форма.
Алкараз игра одлично во последниот месец, врза две победи без изгубен сет и се врати на првото место на АТП листата.
„Играв со Ѓоковиќ кога беше на 100%. Би кажал дека во Мадрид минатата година играше навистина добро. Беше баш тесно. Се согласувам дека кога е во најдобра форма тогаш веројатно е еден од најдобрите тенисер во светот“.
Посебно импресиониран бил од играта на Ѓоковиќ на Австралија Опен.
„Тоа што го постигна е одлично. Неговото ниво во Австралија беше неверојатно. Како што кажав претходно сакам да играм против Ѓоковиќ кога е на највисоко ниво, тогаш ќе уживам. Тоа е се што можам да кажам сега“, изјави Алкараз.
Ќе потсетиме, Ѓоковиќ турнирте во САД, Индијан Велс и Мајами мораше да ги пропушти затоа што немаше потврда за примена вакцина против коронавирус.