Алкараз ќе игра за златниот медал на Олимписките игри во Париз

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз/фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Карлос Алкараз е првиот финалист на тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз. Шпанецот во полуфиналето убедливо го совлада Феликс Оже-Алиасим со 2:0, по сетови 6:1, 6:1.

Алкараз одигра фантастичен меч, веднаш ја презеде контролата врз играта и му препушти само две гема на противникот од Канада.

Алијасим поведе со 1:0 во првиот сет, а потоа следуваше фуриозна серија на Шпанецот, кој освои шест гема во низа.

Во продолжението продолжи во исто темпо и за само еден час и 15 минути стигна до победата и обезбеди најмалку сребрен медал за Шпанија.

Во борбата за златото Алкараз ќе игра со победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ (Србија) и Лоренцо Музети (Италија).

Музети оптимист: Бев поразен од Ѓоковиќ токму во Париз, но сега е поразлично

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот