Алкараз или Ѓоковиќ, кој ќе го освои олимпиското злато во Париз?

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Денеска на машкиот олимписки турнир во Париз во финалето од 14.00 часот ќе играат Новак Ѓоковиќ од Србија и Карлос Алкараз од Шпанецот Карлос Алкараз на теренот „Филип Шатрије“.

Олимпискиот турнир завршува со ново поглавје од големото ривалство меѓу двајца тениски генијалци од две различни епохи – Ѓоковиќ и Алкараз. Програмата на стадионот „Филип Шатрије“ започнува во 12.00 часот, а финалниот дуел на моментно вториот и третиот играч на АТП листата е втор според распоредот и ќе следи по мечот за бронзен медал во женски двојки.

Иако српскиот тенисер е 16 години постар од Алкараз, двајцата првпат ќе играат во финалето на олимписки турнир. Шпанецот на дебитантското учество, а Ѓоковиќ во петтиот обид да го оствари долго сонуваниот олимписки сон и да го освои единственото вредно и важно нешто што му недостасува во кариерата.

Ѓоковиќ го започна патот до олимпиското финале со рутинска победа против Австралиецот Метју Ебден (2:0), на кого му препушти само еден гем. Во второто коло во тениската класика го совлада Рафаел Надал (2:0), потоа, во осминафиналето триумфираше над Доминик Кепфер од Германија (2:0). Ниту Гркот Стефанос Циципас не му одзеде сет во четвртфиналето (2:0), а со победата над Италијанецот Лоренцо Музети (2:0) во полуфиналето го обезбеди вториот медал за Србија во Париз.

И Алкараз сè уште нема загубено сет на турнирот, тој последователно ги победи Хади Хабиб (Либан), Талон Грикспор (Холандија), Роман Сафиулин (АИН), Томи Пол (САД) и Феликс Огер-Алиасим (Канада).

Ова ќе биде седми меч помеѓу Ѓоковиќ и Алкараз. Традицијата продолжува бидејќи кога и да се сретнале на терен, тоа било во полуфиналето или финалето на турнирите. Досега и двајцата забележаа по три победи.

Единствениот овогодишен меѓусебен дуел – во финалето на Вимблдон, му припадна на Алкараз, кој го совлада Ѓоковиќ на исто место и во исто време и минатата сезона. Играа само еднаш на земјена подлога и само еднаш во Париз – во полуфиналето на Ролан Гарос минатата година, кога српскиот тенисер славеше триумф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот