Алкараз и десетти меч во низа победи без загубен сет, за финале во Мајами ќе игра против Синер

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Турнирот во Мајами полека влегува во самата завршница и во машка и во женска конкуренција, а засега најмногу се истакнуваат слениците од Индијан Велс, Карлос Алкараз и Елена Рибакина.

Шпанскиот тенисер убедливо го совлада домашниот тенисер, деветтиот носител Тејлор Фриц за еден час и 17 минути игра со 6:4 и 6:2. За Алкараз ова беше десетта победа по ред сметајќи ги и тие од Индијан Велс и во сите десет не загуби ниту сет. Во полуфиналето ќе игра против Јаникс Синер, додека втората полуфинална двојка е Медведев – Хачанов.

Слична е ситуацијата и во женска конуренција каде што Елена Рибакина игра во одлична форма иако е седма на ВТА листата. Победата против Џесика Пегула од САД 7:6(3), 6:4 за неа беше 11-та во низа, а обезбеди и финале.

Во финалето Рибакина ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Петра Квитова од Чешка и Сорана Чирстеа од Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот