Алкараз е светско чудо: Како „брз воз“ до титулата во Мадрид

Четврта титула сезонава за Карлос Алкараз/Мадрид, Шпанија/8 мај 2022/Фото: EPA-EFE/EMILIO NARANJO

Титулата на Мастерсот во Мадрид ја освои младиот шпански тенисер Карлос Алкараз, кој во финалето денеска го совлада Александар Зверев со 6:3, 6:1. Податок вели дека тој е најмладиот шампион во Мадрид.

На патот до титулата, тинејџерот од Мурсија ги победи Николоз Басилашвили, Камерон Нори, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и сега Зверев.

Ова е четврта титула сезонава за Шпанецот, по Рио де Жанеиро, Барселона и Мајами, а петта во кариерата, откако минатата сезона славеше во Умаг.

Алкараз од понеделник ќе биде шестиот тенисер во светот, а Зверев го совлада за 62 минути игра, со само шест загубени поени на сервис во целиот меч.

Катастрофалната игра во финалето Зверев ја зачини со 25 неизнудени грешки, 14 повеќе од противникот, што јасно покажува дека целиот меч го одигра без концентрација и енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот