„Алкалоид” регистрираше нова фирма во Велика Британија

Алкалоид

„Алкалоид” АД Скопје регистрираше ново друштво во Велика Британија, под назив „Alkaloid UK Limited”. Друштвото е во 100 проценти сопственост на „Алкалоид” АД Скопје, соопшти компанијата.

Земајќи го предвид излезот на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот на Алкалоид АД Скопје, како што се посочува во соопштението, донесе одлука за отворање ново друштво, со цел зајакнување на постојните позиции на пазарот.

– „Алкалоид” АД Скопје е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи со реализирани продажби во износ од 313 милиони денари во 2020 година. Со ова „Алкалоид” АД Скопје продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба, односно развивање како извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот