Алкалоид подобар од Вардар во првото дерби во новата сезона
Eкипата на Алкалоид по освоениот трофеј во Купот на Македонија вечерва забележа уште една голема победа и тоа против Вардар на стартот од новата сезона во Суперлигата.
„Сините“ од Автокоманда со 33:31 го совладаа Вардар во рамки од празничното градско дерби во првото коло. Алкалоид од самиот почеток беше подобар противник на теренот, избраниците на Лазаров играа зрел и паметен ракометен, додека Вардар се обидуваше да се одржи во игра, но не издржа до крај.
Првото полувреме донесе израмнета игра, а Алкалоид на пауза замина со предност од 18:17.
Израмнето се играше се до 21:21 кога Алкалоид влезе во серија и поведе со три голови разлика. Тренерот Недановски повика тајм-аут, но и тоа не му помогна многу на Вардар бидејќи Алкалоид во последните 20 минути влезе со водство од 25:21.
Во продолжение Вардар се враќаше до два-три гола негатива, меѓутоа тоа беше се од црвено-црните. Мартин Серафимов и Марко Митев со по осум гола беа најефикасните на натпреварот, додека кај Вардар Милан Лазаревски постигна шест гола.