Алкалоид оствари позитивни резултати во првите девет месеци

Фармацевстскиот гигант Алкалоид АД Скопје  во првите девет месеци од годината оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечен и консолидиран Биланс на успех.

Во 2019 година, според компанијата, нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на Алкалоид АД Скопје.

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Септември 2019 година изнесуваат 6.481.080 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 12%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 14%.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Септември 2019 година изнесуваат 8.414.626 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 14%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 15%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2019 година изнесуваат 5.641.770 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 10%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2019 година изнесуваат 7.565.856 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 12%.

На 8 април 2019 година на Годишното собрание на акционерите е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2018 година во износ од 458.033 илјади денари односно 320 денари бруто за една акција. Исплатената нето дивиденда за 2018 година изнесува 272 денари за една акција

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари – Септември 2019 година изнесуваат 602.620 илјади денари.

Вкупните консолидирани обврски по кредити на 30.09.2019 година изнесуваат 643.949 илјади денари.

Во периодот Јануари – Септември 2019 година во Алкалоид се реализирани 127 нови вработувања во Република Северна Македонија.

Од вкупните консолидирани продажби, 65% се остварени на странски пазари. Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во следните земји: Велика Британија раст од 104%, Русија раст од 95%, САД раст од 69%, Германија раст од 51%, Украина раст од 32%, Романија раст од 24%, Косово раст од 16%, Бугарија раст од 15%, Црна Гора раст од 10%, Србија раст од 9%, Словенија раст од 9%, Хрватска 7% итн.

Остварената единечна Нето добивка во 2019 година изнесува 764.836 илјади денари и во споредба со остварената во 2018 година бележи зголемување за 25%.

Остварената консолидирана Нето добивка во 2019 година изнесува 738.605 илјади денари и во споредба со остварената во 2018 година бележи зголемување за 26%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот