Алкалоид ја запиша и четвртата победа во ракометната Суперлига

фото: facebook.com/rkalkaloid

Екипата на Алкалоид стигна и до четвртата победа во својот четврти натпревар сезонава во македонската ракометна Суперлига.

Денеска играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров убедливо со конечен резултат 45:23 славеше против тимот на Прилеп.

Најдобар стрелец во победничкиот состав беше беше Никола Костески со седум голови, додека Мартин Серафимов, Игор Ѓорѓиев и Франциско Оливеира имаа по пет.

На спротивната страна се истакна Томислав Квасек со четири реализирани погодоци.

Во генералниот пласман Алкалоид е на првото место со осум бодови, додека Прилеп е на шестата позиција со трри.

Во следното суперлигашко коло РК Алкалоид ќе гостува кај ГРК Тиквеш на 2 октомври, додека Прилеп три дена подоцна ќе се соочи против Бутел Скопје на гостински терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот