„Алкалоид“ инвестира 11 милиони евра во проширување на производните капацитети

Посветеноста на перманентниот раст и развој, следењето на трендовите и најновите достигнувања во сферата на фармацијата, се главните причини поради кои во изминативе дваесет години „Алкалоид АД Скопје“ се задржа на курсот за континуирано инвестирање вложувајќи преку 200 милиони евра, алоцирани воглавно во сегментот Фармација.

Инвестициските потфати во производствени капацитети и опрема, лаборатории, институт за истражување и развој, центар за контрола на квалитетот, модерен SAP софтвер, технологија и добро обучен персонал – менаџментот на „Алкалоид“ ги смета за неопходни предуслови за зголемување на пласманите и интензивирано глобално позиционирање на производите на брендот „Алкалоид“. Во таа насока, се инвестициите во новите производни одделенија чиј износ ќе достигне 11 милиони евра и кои како и останатите, ќе се изведуваат во согласност со строгите барања за Добра производствена практика (GMP).

Прочитајте и...  Нови 684 смртни случаи од коронавирус во Велика Британија

Од планираните 11 милиони евра, 3,5 милиони ќе бидат наменети за целосно технолошко подготвување на одделението „Пакување на цврсти форми“, со површина од 2.000м². За потребите на одделението, нарачана е техничко-технолошка опрема во вредност од 5,2 милиони евра, вклучувајќи две автоматски линии за пакување. 2,3 милиони евра ќе бидат инвестирани за изградба на два нови ката наменети за производство на цврсти фармацевтски форми и придружен простор за техничко-технолошка опрема со вкупна површина од 5.000 м².

Сето ова ќе овозможи зголемување на капацитетите за производство за најмалку 50%, односно од сегашниот капацитет од речиси 2 милијарди таблети и капсули годишно, на повеќе од 3 милијарди парчиња цврсти фармацевтски форми.

– Согласно стратегијата за развој и долгорочниот план за капитални вложувања, ‘Алкалоид’ иницира нова фаза во инвестициските активности која има за цел зголемување на производните капацитети на компанијата. Планираната инвестиција е во склад со политиката на компанијата за вложување во капитални проекти, а со оглед на тројното зголемување на консолидираните приходи од продажби во изминативе 15 години, ваквиот потфат беше неопходен за овозможување на уште поинтензивни пласмани и континуиран раст“ – изјави г. Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на компанијата.

Прочитајте и...  Основачот на Амазон донираше 100 милиони долари за набавка на храна

Комплетирањето на оваа инвестиција, планирано за првата половина од 2020 година, ќе создаде услови за реализирање на околу 200 нови вработувања во сегментот Фармација.

Прочитај повеќе

Експлозија во зграда во Русија, еден мртов (ВИДЕО)

Слободен печат

Русија: Во јуни тестирање на вакцина за Ковид-19 на луѓе

Слободен печат

Филипче: Петмина починати и 53 новозаразени со корнавирус во земјава

Слободен печат

Франција: Барател на азил уби двајца, а повреди седум минувачи со нож

Слободен печат

Чулев: 1322 лица не го почитувале ограниченото движење, 10 прекршувања за изолација, 157 за самоизолација

Слободен печат

Вработена во Поликлиниката Чаир позитивна на коронавирус, извршена дезинфекција на објектот

МИА

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Честитка од Спасовски, Шекеринска и Димитров за Денот на НАТО (ВИДЕО)

Слободен печат

Жерновски до Мицкоски: Да се прикажуваш како херој со лажни вести и да шириш дефетизам, е жалосно

Слободен печат

КОРОНАВИРУС: Во еквадорски град лешеви лежат по улиците

Слободен печат

Парли: Околу 600 француски војници се заразени со коронавирусот

Слободен печат

Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација

МИА

Времено затворена епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје во Гостивар

МИА