„Алкалоид“ четвртопласиран на Европскиот куп на шампионите

facebook.com/chessclubalkaloid

Македонскиот шаховски клуб „Алкалоид“ заврши на четвртата позиција, така што се одржува и натаму при врвот на европските клупски натпреварувања.

На Европскиот клупски куп на шампионите 2019, после серијата од три победи, во меѓусебниот решавачки меч во последното седмо коло, „Алкалоид“ имаше победнички амбиции, но загуби со резултат 3,5:2,5.

Но, во рана фаза на партиите Ковалев на шестата табла дојде во непријатна, послаба позиција, и неговиот ривал не ја испушти шансата да освои цел поен. На првите три табли шахистите од италијанската екипа одиграа цврсто и солидно, па сите обиди на Мамедјаров, Андреикин и Шанкланд да постигнат предност останаа без успех, и тие партии завршија со реми, како и Криворучко на петтата табла.

На четвртата табла, во борбена игра, во одреден момент Инаркиев оствари мала предност, но таа се покажа недоволна за победа, иако долго се обидуваше нешто да извлече од позицијата.

Одлична игра покажа лидерот на екипата, велемајсторот Мамедјаров, кој со три победи и две реми освои златен медал за најдобар личен резултат на првата табла. Покрај него, Ковалев освои сребрен медал на шестата табла.

Титулата европски клупски шампион ја освои италијанската екипа на на „Обиетиво Рисарчименто“ – Падова со максимални 14 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот