Алити: Не е време да се тргне балансерот

Адмирим Алити на Алсат/Фото: Скриншот

Oд албанскиот политички кампус сметаат дека балансерот и мерит-системот не си противречат. Тие се против укинување на балансерот, бидејќи во Македонија сѐ уште има јавни установи каде етничката застапеност е многу мала. Од партијата на Али Ахмети, на прашањето дали ДУИ е за воведување на мерит-системот наместо балансерот, кусо ни одговорија дека балансерот е основа за мерит-системот.

Сличен е ставот и на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити од Алтернатива. Тој вели дека би било добро при вработувањата да се концентрираме само на квалитетот на кандидатите, но дека во Македонија уште не е дојдено времето за тоа.

– За мерит-системот правиме промени во законите за административните служби. Мерит-системот не е контрадикторен со балансерот. Во идеален свет би било подобро вработувањата во јавниот сектор да бидат без баланесер, но во Македонија не сме стасале дотаму. Сѐ уште има институции каде има многу мала застапеност на заедниците. Не е дојден моментот да се тргне балансерот. Инаку супер би било при вработување да се концентрираме само на квалитетот и квалификациите на луѓето. Со измените на законите подготвуваме механизми партиите да не можат да вработуваат свои луѓе, туку вработувањата да бидат според квалификациите и квалитетот на кандидатит – изјави за „Слободен печат“ Алити.

Етнички неопределените ќе се избришат од балансерот и ќе завршат во фуснота

ВМРО-ДПМНЕ: Балансерот создава неквалитет, треба да се напушти

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот