Алиоски разочаран: Одигравме одлично 70 минути

EPA-EFE/Robert Ghement

Неизоставниот дел од македонската репрезентација, Езџјан Алиоски беше разочаран по поразот од Австрија на првиот натпревар на ЕП. Австрија славеше со 3:1 иако до 13 минути до крајот резултатот беше израмнет, но со головите на Грегорич и на Арнаутовиќ ги реши дилемите околу победникот.

Ми недостасуваат зборови, навистина не знам што би кажал. Знаевме дека Австрија е добра репрезентација, со квалитетни индивидуалци и се силни на физички план. Направивме две грешки по кои што бевме казнети со два гола. Одигравме одлично, но во финишот примивме два гола кои го расипаа влечатокот. Штета што поради поразот многумина ќе мислат дека не сме подготвени, но ние 70 минути игравме многу добар фудбал. Тоа е тоа, мораме да играме 90 минути за да стигнеме до добар резултат. Одиме напред. Немаме време, сега треба што поскоро да имаме рекуперација и да се свртиме кон Украина. Имаме нула бодови, но и уште две средби, ништо не е загубено. На крајот ќе видиме каде сме – рече Алиоски.

ВИДЕО I ЕВРО 2020: Пораз на Македонија на деби настапот на ЕП

Пандев: Го дадовме максимумот, не издржавме во последните минути

Пандев: Го дадовме максимумот, не издржавме во последните минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот