Алиоски остана без Премиер лига

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и наредната сезона ќе настапува во Чемпионшип лигата откако неговиот Лидс е елиминиран од Дерби Каунти во полуфиналето на плеј офот за пласман во Премиер лигата.

Лидс пред своите гледачи е поразен со 2:4 иако реваншот го започна со предност од 1:0 од првиот натпревар, а македонскиот репрезентативец не настапи поради повреда.

Лидс поведе со голот на Далас во 24. минута, но Дерби до крајот на полувремето преку Мериот израмни на 1:1. Во второто полувреме, Лидс доживеа шок откако Дерби за 13 минути преку Моунт и Вилсон зголеми на 1:3.  Далас повторно го врати Лидс во игра, но Мериот во 85. минута го однесе Дерби во финалето на плејфот каде го очекува Астон Вила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот