Алиоски опериран, ги пропушта квалификациите

Езгјан Алиоски предвреме ја заврши сезонава поради повредата здобиена на вчерашниот натпревар против Брентфорд и ќе ги пропушти јунските квалификации за ЕП 2020 година.

Алиоски денеска го оперираше менискусот на левото колено и се очекува рехабилитацијата да трае помеѓу шест и осум недели, што значи дека сезоната е завршена за македонскиот репрезентативец.
Алиоски е еден од најдобрите фудбалери на Лидс, сезонава настапи на 47 натпревари и постигна седум голови, но нема да биде во можност да и помогне на Македонија во квалификациските натпревари за ЕП 2020 против Полска и Австрија кои треба да се одиграат во јуни во Скопје.

– Разочарани сме од веста дека Џани најверојатно ја заврши сезоната. Тој е еден од најдобрите фудбалери на Лидс и може да игра на неколку позиции, исто така е еден од омилените играчи кај навивачите но и персоналот во клубот – изјави Виктор Орта, директорот на Лидс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот