Во рамките од петтото коло во Премиер лигата составот на Лидс го претрпе вториот пораз сезонава, откако на својот „Иланд роуд“ загуби минимално со 0:1 од Вулверхемптон.
Единствениот гол се случи во второто полувреме, мексиканскиот интернационалец Хименез најде простор за шут, топката се одби од главата на Филипс и го измами голманот Меслие за голема радост на гостите.
Кај домаќините иако на клупата за резервни играчи беше македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, не доби шанса за настап од менаџерот Биелса.
На табелата Вулвси се на шестото место со девет бода, а Лидс е на 10 позиција со седум. Во наредното коло екипата на Алиоски ќе гостува кај Астон Вила на 23 октомври 2020 година.
Денеска се одигра уште еден меч, без голови (0:0) одиграа екипите на Вест Бромвич и Барнли.