Алиоски ќе го гледаме во Премиер лигата! (ФОТО) – Слободен печат
СпортФудбал

Алиоски ќе го гледаме во Премиер лигата! (ФОТО)

Навивачите му веруваат на Македонецот кој би можел да биде еден од клучните за крајниот успех на Лидс.

Оваа сезона одлично ја започна екипата од „Иланд Роуд“ и во моментот е на делба на второто место со Престон со по 28 бодови, лидер е ВБА со 30.

Првопласираните две екипи директно ќе се пласираат во Премиер лигата наредната сезона, а тимовите пласирани од третото до шестото место ќе играат во плеј-оф за последниот трет „билет“ кој исто така обезбедува настап во Премиер лигата.

Навивачите на Лидс јунајтед веќе долго време чекаат враќање во најсилната англиска фудбалска лига, последен пат играа во елитата во сезоната 2003/04.

фото/твитер

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ја игра својата трета година во Лидс, сезонава после 13 натпревари има два голови против Милвол и Стоук сити.

Фановите веруваат дека фудбалерите предводени од менаџерот Биелса после 15 години ќе го вратат Лидс во Премиер лигата.

Воедно навивачите на клубот му веруваат и на Алиоски кој може да биде еден од клучните играчи на евентуалениот краен успех.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close