Алиоски: Јасно е кои се фаворитите, Германија за нас ќе биде огромен предизвик

Александар Трајковски се радува што мечот Италија - Македонија ќе се игра во Палермо/Фото: ФФМ

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски имаше интервју за германски медиум пред вчерашниот тренинг на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Алиоски е еден од нашите клучни играчи, се очекува така да биде и на денешниот дуел против Германија во квалификациите за СП.

– Јасно е кои се фаворитите, и Германија сигурно ќе биде огромен предизвик за нас повторно. Тие се репрезентацијата од светска класа, која во секој натпревар влегува како фаворит, но ние мора да веруваме во себе.

Мораме да го дадеме најдоброто од себе, и со поддршка од навивачите, ќе целиме кон позитивен резултат – рече Алиоски, а изјавата ја пренесува и УЕФА.

Потсетување дека во првиот меѓусебен дуел во Дуизбург годинава Македонија славеше со 1:2 против Германија.

Милевски: Против Германија пред сè тактички мора да бидеме на врвно ниво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот