Алиоски и Лидс се многу блиску до учество во Премиер лигата (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во рамките од 43 коло во Чемпионшип големи три бода освоија играчите на менаџерот Марсело Биелса, откако го совладаа Свонси на гости со 0:1.

Стрелец на единствениот гол за екипата на Лидс беше шпанскиот интернационалец Хернандез во 89 минута од средбата.

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го одигра целото второ полувреме, влезе на теренот како замена за Далас.

На три кола до крајот на сезоната води Лидс со 84 бодови, три повеќе од второпласираниот Вест Бромвич, следуваат Брентфорд (78) на третата позиција и Фулам (76) на четвртата.

Првопласираните две екипи директно обезбедуваат учество во Премиер лигата следната сезона, а екипите од третото до шестото место играат во плеј-оф.

Клубот од „Иланд роуд“ може уште во следното коло да обезбеди настап во Премиер лигата, доколку дома го совлада последнопласираниот Барнсли, а Брентфорд не триумфира над Престон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот