Алиоски и Лидс остануваат на врвот во Чемпионшип!

twitter.com/LUFCDATA

Македонскиот репрезентативец Алиоски ги одигра само првите 45 минути во дербито, а од херој во трагичар во редовите на ВБА беше Нигериецот Ајаји.

Во дербито на 26. коло од фудбалскиот Чемпионшип на „Хоторнс“ стадионот во Вест Бромвич ремизираа екипите на ВБА и Лидс јунајтед со конечен резултат 1:1.

Домаќините поведоа уште во втората минута со погодокот на Ајаји после асистенцијата на Бертли.

Нигерискиот интернационалец Ајаји се запиша во листата на стрелците, но воедно беше и трагичар, си постигна автогол во 52. минута за израмнување.

Кај гостите македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ги одигра првите 45 минути, а на паузата беше заменет од Шкотланѓанецот Даглас.

На табелата и натаму води Лидс со 52 бодови (43:21), колку што има и ВБА (48:28), а во наредното коло на 11 јануари фудбалерите на Биелса ќе го пречекаат седмопласираниот Шефилд Веднздеј.

Потсетување дека првопласираните две екипи на табелата одат директно во Премиер лигата наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот