Алиоски го врати Лидс на врвот во Чемпионшип (ВИДЕО)

twitter.com/MoscowhiteTSB

Во рамките од 10 коло на Чемпионшип екипата на Лидс триумфираше над Вест Бромвич (1:0) за враќање на врвот во генералниот пласман.

Најзаслужен за трите важни бода на патот кон Премиер лигата беше македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски кој го одигра целиот меч.

Во 38 минута Херисон му асистираше на нашиот играч кој убаво со левата нога ја испрати топката во мрежата на Џонстон.

За Алиоски ова е втор гол сезонава, првиот го имаше во гостинскиот триумф над Стоук (0:3).

На табелата водат фудбалерите на Биелса со 20 бодови, еден повеќе од Вест Бромвич и Нотингем на втората, односно третата позиција. Наредниот меч ќе го имаат веќе за три дена на гостувањето кај Милвол кој моментно е на 20 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот