Алиоски: Дури и ние можеме да го победиме Манчестер јунајтед!

фото: твитер

Нашиот играч се подготвува за нов голем предизвик, в понеделник на „Емирати“ во Лондон ќе се обиде со својот Лидс да го изненади фаворитот.

Во пресрет на натпреварот од третото коло во ФА Купот против Арсенал, македонскиот репрезентативец одлучи да го „пецне“ тимот предводен од норвешкиот менаџер Оле Гунар Солскјер.

Езгјан Алиоски се подготвува за нов голем предизвик, неговиот Лидс јунајтед ќе се сретне против Арсенал

На прес конференција македонскиот репрезентативец ги сподели своите очекувања за дуелот против „топчиите“ кој што ќе се игра в понеделник (6. јануари) на „Емирати“ стадионот во Лондон.

Доби прашање од новинарите што мисли за триумфот на Арсенал во премиерлигашкото дерби против Манчестер јунајтед (2:0), еве што одговори нашиот интернационалец:

– Тоа не е нешто посебно. Оваа сезона дури и ние можеме да го победиме Манчестер јунајтед – вели Алиоски.

И оваа сезона „црвените ѓаволи“ играат променливо, моментно дури 27 бодови заостануваат зад водечкиот Ливерпул, а Лидс преку Чемпионшип се обидува да се врати во Премиер лигата.

Играчите на менаџерот Биелса после 26 одиграни кола се на првата позиција со 52 бодови, колку што има и второпласираниот ВБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот