Алиоски би можел да ја продолжи кариерата во Фрајбург?!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски/ Фото: EPA-EFE/NAKE BATEV

Фрајбург инаку следната сезона ќе игра во групната фаза на Лига Европа откако лани го освои шестото место во Бундеслигата.

Како што пренесуваат турските медиуми, токму Фрајбург покажува интерес за македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Германскиот клуб веќе стапил во контакт со нашиот играч и му испратиле понуда.

Во изминатиот период Алиоски се поврзуваше со турскиот шампион Бешикташ, и кога за момент се помисли дека трансферот ќе биде готов, клубот се откажа.

Левиот бек минатата сезона играше во Саудиска Арабија за Ал Ахли (кој испадна од шампионатот) во чиј дрес имаше шест голови и девет асистенции.

Фрајбург му нуди договор на една година со опција истиот да биде продолжен на уште една сезона (1+1).

Претходно во клупската кариера ги бранеше уште боите на Лидс, Лугано, Шафхаузен, У23 Јанг Бојс, а моментно според „Трансфермаркт“ вреди 7,5 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот