Алиоски, Барди и Хасани уживаат во Бодрум (ФОТО)

Принтскрин/Instagram enisbardhi10/ferhanhasani

Енис Барди, Езџан Алиоски и Ферхан Хасани заеднички уживаат во одморот кој го поминуваат турскиот Бодрум.

Хасани на својот Инстаграм профил сподели неколку слики од одморот со своите тимски национални колеги, фудбалерите на Леванте и Лидс.

– Уживање во одморот со моите браќа Џани Алиоски и Енис Барди – се зборовите на Хасани.

За Хасани се шпекулира дека е можно летово да се врати во својот поранешен клуб Шкендија, до сега ги бранеше боите на Ал Раед од Саудиска Арабија.

Специјалистот за слободни удари Барди секако ги полни „батериите“ пред да им се врати на клупските обврски во Шпанија и новата сезона во „Ла Лига“.

instagram.com/ferhanhasani

За Алиоски се говореше изминатиот период и немилиот настан во Прилеп, но тоа е сега минато и тој треба да ги разбистри мислите пред старо-новиот предизвик со Лидс, а тоа е целта да се врати тимот по подолго време вово Премиер лигата.

Секако на репрезентативен план не одеше најдобро на резултатски план, но секако важно е доброто расположение меѓу играчите и да продолжат со добри перформанси во своите клубови.

View this post on Instagram

??

A post shared by BARDHI (@enisbardhi10) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот